На десетина дена до првиот меч на Вардар во квалификациите за Конференциската лига, првиот ривал Ла Фиорита најави пет нови имиња во составот. Според тамошните информации, спортскиот директор на клубот, Маурицио Ди Џули, го формализирал враќањето во „жолто-синиот“ дрес на дефанзивецот од Сан Марино, Андреа Грандони како и на напаѓачот Томасо Гуиди, кој минатата сезона го носел дресот на Тре Пене.
Од Тре Пене во ла Фиорита пристигнале уште тројца играчи: голманот роден во 2004 година, Елија Ди Џули, дефанзивецот Антонио Барета и напаѓачот Лоренцо Дорми, двајцата родени во 1995 година.
Тројцата играчи се стари познаници на тренерот Стефано Чечи, кој веќе работел со нив во последните сезони, пред неговото доаѓање во Ла Фиорита минатото лето.