Од денеска и Струга Трим Лум е на подготовки. Некогашниот двоен шампион на Македонија, под водство на новиот стратег Бледи Шкемби ги стартуваше летните подготивки за следната 2025/26 сезона. Како што и беше најавено, денеска на својот комплекс во Струга, фудбалерите на овој тим се запознаа со својот нов тренер кој доаѓа од Албанија. Тука беше и спортскиот директор Бесарт Исаку, а потоа беше одработен и првиот тренинг.
Со цел екипата да биде што поподготвена за следната сезона, планирано е да се одиграат шест контролни натпревари и тоа со Балкани, Пелистер, Трајал Крушевац, Лапи, Скендербег и Охрид.
Инаку денеска беше промовирано и првото засилување, италијанскиот голман Марко Анџелети.