До пред некој месец Интер беше во рајот, но работите тргнаа во лоша насока. Тимот од Милано не успеа да дојде до ниту еден трофеј, а во финалето во ЛШ доживеа дебакл. Тренерот Симеоне Инзаги си замина во Саудиска Арабија, на негово место дојде Кристијан Киву, но проблемите останаа.
Интер ни од далеку не е оној Интер кој беше до пред некој месец.
По елиминацијата од Флуминензе во осминафиналето на СКП, капитенот Лаутаро Мартинез прво им се извини на навивачите а потоа со една своја изјава предизвика “земјотрес“:
„Кој сака да остане во Интер, нека остане. Кој сака да си замине, слободно нека си оди. Овој дрес на Интер мора да се почитува, мораме да се бориме за цели кои се достојни на клупската историја. Прво јас како капитен сум одговорен, ова е уште еден пораз кој многу боли. Им се извинувам на нашите фанови, но ќе кажам дека некои работи воопшто не ми се доапаѓаат“ истакна Аргентинецот.
Лаутаро не посочи на кого мисли, но сепак јасно е дека станува збор за Хакан Чалханоглу, а тоа го потврди и Бепе Марота, претседателот на Интер. кој напомена дека ќе се разговара со играчот за врска и неговата желба да се врати во Турција.
ФОТО: ФЦ Интер/ФБ
Capitan Lautaro senza 𝒑𝒆𝒍𝒊 𝒔𝒖𝒍𝒍𝒂 𝒍𝒊𝒏𝒈𝒖𝒂 🤬
“Chi non vuole restare, se ne vada” 🎙️🎤 @alessiodegiu#LautaroMartinez #Inter #FIFACWC #DAZN pic.twitter.com/OkQeIan8lv
— DAZN Italia (@DAZN_IT) June 30, 2025