Од најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, тимот на ФК Вардар предмалку ја лиферуваа информацијата дека во портфолиото на спонзори кои што во моментов го финансираат клубот се појавува нов субјект.
Оној кој што во моментов се појавува како спонзор на повеќе екипи ширум Европа во најразлични шампионати, и кои тоа го прави со огромно задоволство.
Планот на извршниот директор, Миленко Неделковски, а и на целата управа на ФК Вардар полека се остварува. Вардар не зависи од еден финансиер, Вардар не зависи од само еден спонзор како во минатото, па доколку тој одлучи повеќе да не дава пари, клубот да пропадне што се вели. Напротив, создаден е еден цел памфлет фирми, компании, домашни и странски, кои што одлучија да му помогнат на ФК Вардар и тоа го спроведуваат на дело. Ветувањата се едно, но потезите кои се гледаат во пракса се нешто сосема друго.
Па така, Вардар добива нов спонзор кој што со години се појавува како финансиер во екипите на Сепси од Романија, Левски Софија од Бугарија, Осијек од Хрватска, Пушкаш и Дијозгор од Унгарија….
Се се тоа сериозни фудбалски колективи, кои што со години одлично котираат како во домашните шампионати, така и на интернационално ниво, што ќе рече дека Вардар влегува во сериозно одбрано друштво.