Агентот на Собослаи:“Не стравуваме од трансферот на Вирц, двајцата ќе бидат заедно на теренот!“

66

Трансферот на Флоријан Вирц и тоа како би можел да му направи проблеми на унгарската ѕвезд, Доминик Собослаи. Јасно е дека конкуренцијата е голема, жестока за првиот тим па така Арне Слот ќе си има слатки маки на кого да му укаже доверба во стартниот тим на Ливерпул во следната сезона.

Провејува мислењето дека со доаѓањето на Вирц, Унгарецот едноставно нема шанси да биде стартер.

Матјаш Естерхази, агентот на Собосла си има свој коментар за ова:

Не се плашиме, ниту се интересираме околу ова прашање. Сметам дека и двајцата ќе бидат заедно на теренот. Секако дека јас не го одредувам составот, за тоа е надлежен Арне Слот, кој е еден од најдобрите тренери во светот. Мое е да се надевам дека Доминик ќе биде уште подобар од тоа што беше минатата сезона“ истакна Естерхази.

Инаку Собослаи минатата сезона беше стрелец на 8 голови и забележа 9 асистенции.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/Х

ПретходноИвановски пред кам бек во Кавадарци
СледноПобеда за Марковски во финалето од квалификациите