Ансу Фати потпиша нов договор со Барса, па замина во Монако

61

И тоа на позајмица која што ќе биде заменета со откуп од 11 милиони евра доколку францускиот клуб е задоволен од она што напаѓачот ќе го одигра следната сезона.

До вакво решение дојдоа Барселона, Монако и самиот Ансу Фати, кој потпиша нов договор со Барса, но со значително смалена плата. Онаа од 2021 година во која Фати добива 14 милиони евра по сезона веќе не постои, затоа што напаѓачот не е ниту сенка на оној играч што сите предвидуваа дека ќе биде.

Ете, може и една Барселона да погреши во проценките, и да му даде на млад играч така голем договор, кој што пак нема да биде оправдан ниту 10%.

Вака, одново Фати ќе мора да се докажува во дресот на Монако, тим кој што ниту на крајот од паметот не му било дека ќе има можноост да го доведе во своите редови со оглед на фамата која што се дигна за напаѓачот пред неколку години.

 

ПретходноИвановски елиминиран на Челинџерот во Троа
СледноРакитиќ официјално се пензионираше, но останува во Хајдук