Вилдан Керим ќе го носи дресот на Пелистер и следната сезона

70

Од таборот на Пелистер предмалку објавија дека со напаѓачот Вилдан Керим е обновена соработката и тој и следната сезона ќе биде дел од овој клуб.

Тој веќе има 30 години, искусен прволигашки играч, па Пелистер очигледно е задоволен од неговите настапи. Минатата сезона забележа 27 настапи при што постигна два гола и три асистенции.

Керим беше дел од Детонит, Вардар, Гостивар, Скопје, Борец,  а има и интернационално искуство од Косово, односно Турција.

 

ПретходноПалетата на спонзори на ФК Вардар се проширува: Моќен финансиер го спојува најтрофејниот со Сепси, Левски, Осијек…
СледноРисте Јанков е нов голман на Македонија ЃП