Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер турнирот во францускиот град Троа откако денес загуби од вториот носител домашниот играч Калвин Емери со 2-0 во сетови (76(6) 64) по два часа игра.
Првиот сет мина без брејк, а во осмиот гем при водство на Емери, Ивановски успеа да спаси четири брејк топки. Сетот беше решен во тај брејкот, а при 6:5 во поени на сервис на ривалот Ивановски имаше сет топка. Сепак сетот Емери го доби со 8:6 на поени. Во вториот сет Французинот направи брејк во петтиот гем за водство од 3:2 во гемови што се покажа како решавачко, притоа во 10.тиот гем на сервис на Емери се водеше голема борба Ивановски спаси две меч топки, а и не реализраше две брејк топки за изедначување, но противникот во самата завршница од мечот сервираше одлично.
Ивановски следната недела го очекува настап на Челинџер турнирот во романскиот град Јаши.