Иван Ивановски е пред кам бек во екипата на Тиквеш. Досегашниот член на Гостивар, клуб, кој сите знаеме како заврши, има слободни документи летово, и простор да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Искусниот крилен напаѓач многу веројатно се враќа во старото јато односно во тимот на Тиквеш каде што реално го одигра и најдобриот фудбал во досегашната кариера.
Во Кавадарци се подготвува нова екипа, со нов спонзор, но ист тренер во името на Ѓорѓи Мојсов. Тој летово е подготвен за добар ремонт на екипата, која што лани реално потфрли во ПМФЛ шампионатот, а Ивановски секако за истата ќе биде големо освежување.