
Некогаш најскапиот голман на светот, шпанецот Кепа, од денеска и официјално е нов член на тимот на Арсенал. Тој не заминува предалеку, не ја менува лигата, поточно не го менува ниту градот.
Од Челзи преминува во Арсенал, за сума од пет милиони евра.
„Чувството што го имам кога потпишувам за овој клуб, е дека сум многу блиску до победите. Ова е проектот во кој што сакам да партизипирам“ – изјави Кепа.
Некогашниот голман на Атлетик Билбао, никогаш во целост не го покажа својот потенцијал и по рекордниот трансфер своевремено во Челзи. Имаше позајмици во Реал Мадрид, Борнмут, за да на крајот Челзи го продаде што се вели со џабе.