Крај на една ера: Перо Стамески заминува во пензија!

102

После 36 години посветеност на кошарката, Перо Стамески, тренерот на Бадел 1862 стави крај на својата кариера. Тој е вистинска историја во овој тим, но и во женската кошарка.

Стамески освои 9 шампионски титули со сениорскиот тим, 6 во Купот на Македонија и бројни трофеи во младинските категории.

Бадел 1862 на својата официјална страница му се заблагодари на Стамески.

„После 36 години несебична посветеност, пожртвуваност и искрена љубов кон кошарката, со голема почит и емоции соопштуваме дека тренерот Перо Стамески – човекот кој не само што ја испиша историјата на нашиот клуб, туку и ја обликуваше иднината на многу генерации кошаркарки, заминува во пензија.

Во текот на својата славна кариера, Перо Стамески освои вкупно 9 шампионски титули со сениорскиот тим, 6 титули во националниот куп, како и бројни трофеи во младинските категории, покажувајќи дека вистинскиот успех не се мери само со резултати, туку и со трајното влијание што го оставаш зад себе.
Од името на целиот клуб, сегашните и поранешните кошаркарки, тренерскиот тим и управата – благодариме за секоја минута помината на паркетот, за секоја победа, секој совет, секоја подадена рака и секоја тешка одлука што не водеше кон успех.

Ова не е збогум, туку до видување. Ќе останете дел од оваа кошаркарска фамилија засекогаш, со местото што ви припаѓа – во срцето на ЖКК Бадел 1862 и историјата на македонската кошарка“, се вели во објавата на Бадел. 

ПретходноЖозе доби екстра засилување: Дуран во Фенер за 20 милиони евра за една година!
СледноИнзаги по победата над Сити: Моравме да се искачиме на Еверест без кислород!