Новата ѕвезда на Реал ги однесе „кралевите“ во четвртфинале на СКП

167

Со голот на младиот Гонзало Гарсија екипата на Реал (М) славеше против Јувентус со 1:0 и се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД. Вечерва на „Хард Рок“ стадионот во Мајами момците на Чаби Алонсо успеаја да дојдат до посакуваниот триумф и место меѓу осумте најдобри светски клубови во овој нов формат на клупското натпреварување под капата на ФИФА.

Моментот на одлука беше 54. минута, кога по асистенција на новото засилување на „кралевите“, Трент Александер-Арнолд, младиот голгетер кој добива голема сигурност во првиот тим на Реал успеа да го совлада Ди Григорио и да му донесе водство, а воедно и победа на својот тим.

Реал вечерва ќе го чека победникот од последното осминафинале меѓу Борусија (Д) и Монтереј за да го донзае својот следен ривал на патот кон трофејот на Свеското клупско првенство.

ПретходноПознат распоредот на новата сезона во Ла Лига: Барса тргнува кај Мајорка, Реал дома со Осасуна
СледноРазмена меѓу Денвер и Сакраменто: Валанчиунас кај Јокиќ, Шариќ кај „кралевите“