Шпанската Ла Лига вечерва го објави распоредот за новата сезона. Првото коло од новиот шампионат ќе се одржи на 16 и 17 август, а последното на 23 и 24 мај 2026 година.
Во премиерното коло ќе се сретнат Алавес – Леванте, Атлетик Б. – Севиља, Селта – Хетафе, Џирона – Рајо Ваљекано, Еспањол – Атлетико (М), Мајорка – Барселона, Елче – Бетис, Реал – Осасуна, Валенсија – Сосиедад и Виљареал – Реал Сосиедад.
Големото „Ел Класико“ бр 1. за новата сезона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 10. коло, кога Барселона му гостува на Реал на „Бернабеу“. Реваншот е следната година на 10 мај на „Камп Ноу“.
Реал (М) градските пресметки со Атлетико ќе ги одигра на 28 септември во рамките на 7-то коло (гости), а дома на 22 март во рамките на 29-то коло. Барселона ќе игра против тимот на Диего Симеоне на 11 јануари (дома) и 5 април (гости).