Јонас Валанчиунас ќе биде нов играч на Денвер Нагетс. Сакраменто и Денвер се договориле за размена на кошаркари, според која литванскиот центар ќе се пресели во „Нагетс“, а „кралевите“ во замена ќе го добијат хрватскиот крилен центар Дарио Шариќ.
Валанчиунас му се приклучи на Сакраменто од Вашингтон кон средината на минатата сезона. Во 33 натпревари за Кингс, тој имаше просек од 8,6 поени и 6,8 скока за 16:41 минути игра.
Шариќ одигра само 16 натпревари минатата сезона, со просек од 3,5 поени и 3,1 скока за 13 минути на теренот.