Ракитиќ официјално се пензионираше, но останува во Хајдук

107

Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Иван Ракитиќ и официјално ја заврши неговата кариера. Офанзивецот мина дваесетина прекрасни години на највисоко можно фудбалско ниво, од Базел, преку Шалке, до Барселона и Севиља, за да на крајот заигра и за Хајдук.

Сепак, на се доаѓа крај па и на некогашниот репрезенаттивец на Хрватска со која Ракитиќ стигна до финалето на Мундијалот.

Па така, тој иако официјално завршува со фудбалот, сепак, останува во Хајдук и одсега ќе извршува функција во менаџментот.

ПретходноАнсу Фати потпиша нов договор со Барса, па замина во Монако
СледноШкендија имаше успешна „генералка“ пред двомечот со ТНС во ЛШ (ВИДЕО)