Ристе Јанков е нов голман на Македонија ЃП

177

Досегашниот член на екипата на Шкендија и некогашен младински но и сениорски репрезентативец на Македонија, Ристе Јанков е нов чувар на мрежата на тимот на Македонија ЃП.

Искусниот голман доаѓа како засилување на голманската позиција, каде што тука и натаму е Андреј Ефремов.

Јанков е дете на Работнички, имаше еден интернационален излет, а потоа пристигна во таборот на шампионот Шкендија. Таму ја делеше минутажата, не беше стандарден, па реши да си замине.

 

ПретходноВилдан Керим ќе го носи дресот на Пелистер и следната сезона
СледноОна кога претседателот ќе дојде на тренинг! Реал со Мбапе ќе го напаѓа Јувентус! (ФОТО)