Уште една НБА „бомба“: Лилард повеќе не е играч на Милвоки Бакс!

105

Дeмиeн Лилард повеќе не е плејмејкер на Милвоки Бакс. Неговиот досегашен клуб реши да се откаже од него искористувајќи го просторот за плати создаден со неговото заминување, за да го доведат Мајлс Тарнер, неодамнешниот центар на Индијана Пејсерс.

Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахиловата тетива во плеј-оф серијата од која сè уште не е опоравен. Остатокот од неговиот договор од 113 милиони долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар учесник.

„Елените“ ќе ги распределат овие пари во текот на следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.

Следниот тим на Лилард е сè уште непознат.

ПретходноСтрумица следната сезона на домашен погон: Време е младите да ја добијат својата шанса!
СледноИвановски елиминиран на Челинџерот во Троа