Уште едно изненадување: Зверев елиминиран уште во 1. коло на Вимблдон

60

Еден од фаворитите за висок пласман, германскиот тенисер Александар Зверев го заврши своето натпреварување на почетокот на Вимблдон. Тој беше поразен од Французинот Артур Риндеркнех во натпревар што траеше два дена и пет сета – 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4.

Риндеркнех беше многу добар и во понеделникот вечерта, а двајцата продолжија денеска за да го довршат дуелот, но Риндеркнех и овој пат покажа дека вчерашниот настап не беше случајност.

Зверев повторно не успеа во Лондон и оваа година, а најдалеку стигна до четвртото коло минатата сезона.

ПретходноШкендија имаше успешна „генералка“ пред двомечот со ТНС во ЛШ (ВИДЕО)
СледноБрера стартуваше со подготовките за новата сезона (ФОТО)