Флуминензе им фаќа сеир на градските ривали: Ботафого! Фламенго! Какво е времето во Рио!!!(ФОТО)

76

Флуминензе успеа со 2:0 да го победи Интер во осминафиналето на СКП. По триумфот овој тим е единствен од Рио де Жанеиро кој и натаму остана на првенството. Ботафого и Фламенго се веќе дома, па затоа на своите социјални мрежи луѓето од медиа тимот на Флуминензе им се потсмеваа на своите градски ривали:

Ботафого! Фламенго! Какво е времето во Рио“ што наиде на еуфорија кај фановите на Флуминензе.

 

Инаку овој тим има убава шанса да се најде и во полуфиналето, ако се знае дека во 1/4 финалето за ривал го има Ал-Хилал од Саудиска Арабија, тим кој што го победи Манчестер Сити со 4:3.

ФОТО: ФЦ Флуминензе/ФБ

ПретходноФановите на Сити до Пеп:“Овој играч мораш да го продадеш!“
СледноДарко Димитријевиќ е нов тренер на сениорскиот тим на Бадел 1862!(ФОТО)