Македонскиот шампион Шкендија имаше успешнта генерална проба пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Попладнево на Градскиот стадион во Тетово, „црно-црвените“ славеа со 2:1 во пријателскиот меч со Динамо Сити од Тирана, Албанија.
Шкендија поведе со голот на Красниќи во 31. минута, а гостите успеаја да го израмнат резултатот во финишот на првото полувреме.
Во вториот дел тетовци очигледно беа подобар тим. Најпрвод обија пенал во 62. минута кој не успеаја да го претворат во гол, но одлучувачкиот погодок стигна само пет минути подоцна кога Јакупи прецизно стрелаше во голот на гостите за конечни 2:1.
За точно една недела, Шкендија ја очекува првиотдуел од двомечот со велшки ТНС во квалификациите за Лигата на шампионите.