Јокиќ следната сезона ќе игра во посилен Денвер!

130

И дефинитивно Никола Јокиќ во следната сезона ќе игра во посилен Денвер. Нагетси одлучија да направат значаен потег на пазарот – Мајкл Портер Џуниор повеќе не е член на франшизата од Колорадо. Крилниот играч, еден од столбовите на тимот што ја освои шампионската титула во 2023 година, се пресели во Бруклин Нетс, во размена што вклучуваше и незаштитен избор од првата рунда во 2032 година. Во спротивна насока дојде Камерон Џонсон, силно и флексибилно крило кое треба да донесе нова димензија во играта на Денвер.
Потегот може да се гледа и низ финансиска призма – договорот на Портер од над 79 милиони долари за следните две сезони беше заменет со многу поповолниот на Џонсон (44 милиони).
Уште едно изненадување дојде веднаш по размената – Брус Браун се враќа во Денвер! Миленикот на навивачите и клучен играч во шампионатот во 2023 година, потпиша едногодишен договор. Откако ја помина претходната сезона во дресот на Торонто и Њу Орлеанс, Браун повторно го носи дресот на тимот во кој постигна најголем успех.

ФОТО: Денвер Нагетс/Х

ПретходноМитровиќ почна…а потоа: Еве како се славеше во соблекувалната на Ал-Хилал!(ВИДЕО)
СледноЖозе доби екстра засилување: Дуран во Фенер за 20 милиони евра за една година!