Атлетико (М) го купи Руџери од Аталанта

68
фото: Atlético de Madrid (X)

22-годишниот Матео Руџери е најновото засилување за шпанскиот гигант Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб го објави купувањето на фудбалерот на Аталанта. Договорот е на пет години.

Според најавата, мадридскиот тим ќе им плати на Италијанците сума од 17 милиони евра, а уште 3 милиони ќе бидат обезбедени како бонуси.

Минатата сезона Руџери одигра 30 натпревари во Серија А и имаше три асистенции. 

ПретходноСудот во Мадрид ја прифати жалбата на Ла Лига: Реал ќе одговара за вршење притисок врз судии
СледноШампионката од Роланд Гарос се „сопна“ уште на стартот на Вимблдон