Брера стартуваше со подготовките за новата сезона (ФОТО)

179
фото: Brera Strumica (Facebook)

Струмичка Брера денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона. Екипата под водство на тренерот Панче Стојанов го одржа првиот тренинг и најави засилени подготовки очекувајќи ја новата сезона на домашната сцена.

Стојанов се приклучи во Брера во април годинава, а сега доби задача да ја продолжи својата работа со тимот и во новата натпреварувачка сезона. Првата етапа од подготовките Брера ќе ја има во својата база во Струмица, по што вториот дел ќе се реализира во Банско, Бугарија.

ПретходноУште едно изненадување: Зверев елиминиран уште во 1. коло на Вимблдон
СледноМециновиќ е ново засилување за Работнички