Ивановски елиминиран на Челинџерот во Троа

29

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер турнирот во францускиот град Троа откако денес загуби од вториот носител домашниот играч Калвин Емери со 2-0 во сетови (76(6) 64) по два часа игра.

Првиот сет мина без брејк, а во осмиот гем при водство на Емери, Ивановски успеа да спаси четири брејк топки. Сетот беше решен во тај брејкот, а при 6:5 во поени на сервис на ривалот Ивановски имаше сет топка. Сепак сетот Емери го доби со 8:6 на поени. Во вториот сет Французинот направи брејк во петтиот гем за водство од 3:2 во гемови што се покажа како решавачко, притоа во 10.тиот гем на сервис на Емери се водеше голема борба Ивановски спаси две меч топки, а и не реализраше две брејк топки за изедначување, но противникот во самата завршница од мечот сервираше одлично.

Ивановски следната недела го очекува настап на Челинџер турнирот во романскиот град Јаши.

ПретходноУште една НБА „бомба“: Лилард повеќе не е играч на Милвоки Бакс!
СледноАнсу Фати потпиша нов договор со Барса, па замина во Монако