Мециновиќ е ново засилување за Работнички

119

Искусниот 34-годишен дефанзивец Јасмин Мециновиќ е ново засилување за екипата на Работнички. Клубот од Дебар Маало вечерва го потврди Мециновиќ како ново име во ростерот за следната сезона.

Мециновиќ минатата сезона ја помина во екипата на Вардар со која ја заврши соработката. Искусниот стопер има и долга и богата интернационална кариера, а во последните две години се врати во домашниот шампионат.

ПретходноБрера стартуваше со подготовките за новата сезона (ФОТО)
Следно„Ако татко ми го освои Светското со Бразил ќе биде најголемиот тренер во историјата!“