Најавена бура го одложува дуелот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид!?

167

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами во 21:00 часот може да биде одложен или откажан поради најавена бура.

Според метео извештаите во периодот кога е закажан дуелот во Мајами се очекува голема бура и грмотевици.

Организаторите се подготвени да реагираат според строги безбедносни протоколи слични на оние во американските професионални лиги како што се MLS и NFL. Протоколот предвидува прекин од минимум 30 минути доколку се открие удар од гром во радиус од околу 13 километри од стадионот. Секој нов удар од гром го продолжува прекинот за уште 30 минути.

ПретходноШеј Гилџиус-Александер станува најплатениот играч во НБА
СледноСтрумица следната сезона на домашен погон: Време е младите да ја добијат својата шанса!