„Пелистерци“ во квалификациска трка, за едно од трите места во регуларниот дел на Лигата на шампионите

94

Битолски Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник на утрешната ждрепка во Лозана каде ќе бидат формирани натпреварувачките групи во квалификациите, но и оној регуларен дел од сезоната во ФИБА Лигата на шампионите.

Екипата од Битола е еден од 24.тимови-учесници во квалификациската рунда од најквалитетното натпреварување во организација на ФИБА.

На ждрепката ќе ги очекуваат своите ривали во еден од трите квалификациски турнири за пополнување на три места во оној регуларен дел од Лигата на Шампионите, каде веќе се познати 29. учесници. Оние кои обезбедија директен пласман во регуларната сезона, базирано на спортски критериуми.

Квалификациските турнири, вкупно три, а битолчани се во Лозана, и со надеж дека можеби ќе бидат домаќини на еден од нив, ќе се играат во периодот од 23. до 28. септември.

Победниците на трите квалификациски турнири ќе им се придружат на оние 29, за да се формираат натпреварувачките групи во регуларната фаза во која ќе се натпреваруваат 32. поделени во осум групи, по четири екипи.

Согласно со спортските критериуми, македонскиот претставник ќе биде во вториот или третиот квалификациски турнир. Ждрепката ќе ја дочека од четврттиот натпреварувачки „шешир“, заедно со екипите на Порто (Португалија), ПГЕ Старт Љублин (Полска) и СЦ Дерби (Црна Гора).

Противниците на екипата од Битола може да се бараат во другите „шешири“. Во третиот се екипите на Елан Шалон (Франција), Брауншвајд (Германија), Јувентус Утена (Литванија) и Антверпен (Белгија).

Во вториот се поставени: Бурсаспор (Турција), Орадеа (Романија), Фрибург Олимпик (Швајцарија) и Карху Баскет (Финска), додека во првиот се: Фалко Шомбатели (Унгарија), Реџана (Италија), ПАОК (Грција) и Мурсија (Шпанија).

Во улога на носители се поставени национални шампиони на осум европски земји. Бакен Беарс (Данска) и Патриоти Левице (Словачка) кои се во првата група, потоа Ден Бош (Холандија) и Калев/Крамо (Естонија), Рилски Спортист (Бугарија) и Трепча (Косово), односно Кутаиси 2010 (Грузија) и АЕК Ларнака (Кипар).

На овие три квалификациски турнири ќе се игра според систем на директни елиминации (четвртфинале, полуфинале и финале), и само победниците ќе обезбедат пласман во регуларната фаза од ФИБА Лигата на шампионите.

ПретходноБодрумспор го официјализираше заминувањето на Барди
СледноСледната година во Формула 1 ќе има две саботни трки!