Пеп по елиминацијата:„Не можам доволно да им се заблагодарам на играчите!“

392

Ретко кој можеше да претпостави дека големиот фаворит, тимот на Манчестер Сити ќе биде поразен од Ал-Хилал со 3:4 во осминафиналето и така рано ќе биде елиминиран од СКП. Чудото се случи во Орландо, тимот од Саудиска Арабија одигра маестрално, успеа да го победи во шокантен натпревар големиот Сити и заслужено оди натаму, во четвртфиналето каде што ќе ги одмери силите со бразилскиот Флуминензе.

По мечот во Орландо, по поразот, се огласи и Пеп Гвардиола:

Видов многу добри работи кои порано не сум ги видел, посебно во односот меѓу играчите и стручниот штаб. Убаво ни беше овде на СКП, натпреварите беа добри, а квалитетот беше на високо ниво. Во оваа фаза мечевите се тешки. Му дозволивме на ривалот транзиција, а ние генерално бевме добри. Штета. Не можам доволно да им се заблагодарам на моите играчи кои добро тренираа и се подготвуваа“ рече покрај другото стратегот на Сити.

ФОТО: ФЦ Манчестер Сити/ФБ

ПретходноЛудница во Орландо: Пеп и Сити елиминирани, чудесниот Ал-Хилал триумфираше за пласман во 1/4 финалето на СКП!(ВИДЕО)
СледноЛаутаро со порака: “На кого не му се останува во Интер, слободно нека си оди!“ (ВИДЕО)