Македонскиот тенисер Обрад Марковски успеа да се пласира на главниот турнир во Куршумлијска бања М15 откако денеска во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од Аргентина (11.носител) со 2-0 во сетови (75 63). Така македонските тенисер со сигурни три победи успешно ги мина квалификациите.
Марковски претходно во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (63 60), а во втората квалификациска рунда беше поуспешен од седмиот носител Игнасио Антонио Бечера Отапола со 2-0 во сетови (61 64).
Македонскиот играч во очекување на дополнителниот распоред за главниот турнир бидејќи тој е еден од осумтемина тенисери кои преку квалификациите изборија пласман н во „главниот ждреб“.