Искусниот македонски одбојкар Стојан Илиев го засили тимот на ОК Штип. Примачот кој што е висок 190. сантиметри е дел од новиот тим на штипјани кои во следниот период планираат да го искористат за што подобри резултати.
Во својата кариера има настапувано за ОК Струмица, потоа во ОК Вардар, ОК Осијек (Хрватска), Каламата 1980 (Грција), Залау (Романија), Хапоел Кфар Саба (Израел), Еносис Анагениси (Кипар) и ОК Марсонија (Хрватска), од каде што доаѓа во таборот на штипскиот клуб.