Струмица следната сезона на домашен погон: Време е младите да ја добијат својата шанса!

251

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица и следнава сезона ќе биде наш претставник во европската Лига на шампиони. Во очекување на почетокот на подготовките за новата сезона, еден од најискусните во тимот, но воедно и претседател на македонскиот првак, Владо Милев, вели дека клубот има намера следната сезона да им даде многу повеќе шанса на одбојкарите од подмладокот на клубот.

„Во моментот работиме на составувањето на екипата. Планот е да ја задржиме ланската екипа односно домашните играчи и со 90% од нив веќе е разговарано. Сакаме да им дадеме повеќе шанса на младите играчи, кај кои гледаме голем потенцијал. Тоа е шанса да креираме екипа за подолг рок. Ова не е ништо ново. Тоа е план што го размислуваме од поодамна и мислам дека сега е време да го направиме тој потег. Убеден сум дека помладите играчи ќе напредуваат многу повеќе и ќе поставиме здрави темели за во иднина. Сакаме што подобро да се претставиме во европските купови, а доколку имаме потреба во зимскиот преоден рок да донесеме некое странско засилување како би ја одбраниле шампионската титула. Но како што реков, приоритет ќе ни се младите играчи, превземаме важен чекор кон развојот на клубот што можеби моментално резултатски ќе ни се одрази со оглед на тоа што екипата на Штип одвојува сериозни средства и креира силна екипа, но нашата политика е малку поразлична и сакаме нашата школа и клуб да бидат уште попрепознатливи. Сепак верувам во нас и здравје Боже дека на крајот на сезоната и резултатски ќе бидеме задоволни“, вели Милев.

Струмичани на 15 јули ќе го дознаат првиот ротивник во новата евро-сезона.

ПретходноНајавена бура го одложува дуелот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид!?
СледноУште една НБА „бомба“: Лилард повеќе не е играч на Милвоки Бакс!