Судот во Мадрид ја прифати жалбата на Ла Лига: Реал ќе одговара за вршење притисок врз судии

91

Судот во Мадрид одлучи повторно да ја отвори постапката против клупската телевизија на Реал Мадрид. Според денешните вести, Централниот административен суд во Мадрид ја прифатил жалбата на Ла Лига и ѝ наложи на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), преку својата дисциплинска комисија, повторно да ја отвори истрагата за видеата од судиите кои беа објавувани на оваа телевизија.

Жалбата беше поднесена против одлуката на Судот за административни прекршоци за спорт (TAD) од 21 ноември 2024 година, кој одби да ја разгледа жалбата на Ла Лига за прекинување на дисциплинската постапка против Реал Мадрид. Според подносителите на жалбата, со овие снимки се вршело притисок врз судиите пред голем број натпревари.

Постапката беше покрената на 1 март 2024 година по жалбите од Севиља и Ла Лига до дисциплинската комисија на РФЕФ. Тие тврдеа дека Реал Мадрид, преку својот клупски телевизиски канал, систематски вршел кампања на притисок врз судиите назначени за неговите натпревари, објавувајќи материјали што ја доведуваат во прашање нивната професионалност.

Претходно„Ако татко ми го освои Светското со Бразил ќе биде најголемиот тренер во историјата!“
СледноАтлетико (М) го купи Руџери од Аталанта