Шкендија имаше успешна „генералка“ пред двомечот со ТНС во ЛШ (ВИДЕО)

236

Македонскиот шампион Шкендија имаше успешнта генерална проба пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Попладнево на Градскиот стадион во Тетово, „црно-црвените“ славеа со 2:1 во пријателскиот меч со Динамо Сити од Тирана, Албанија.

Шкендија поведе со голот на Красниќи во 31. минута, а гостите успеаја да го израмнат резултатот во финишот на првото полувреме.

Во вториот дел тетовци очигледно беа подобар тим. Најпрвод обија пенал во 62. минута кој не успеаја да го претворат во гол, но одлучувачкиот погодок стигна само пет минути подоцна кога Јакупи прецизно стрелаше во голот на гостите за конечни 2:1.

За точно една недела, Шкендија ја очекува првиотдуел од двомечот со велшки ТНС во квалификациите за Лигата на шампионите.

ПретходноРакитиќ официјално се пензионираше, но останува во Хајдук
СледноУште едно изненадување: Зверев елиминиран уште во 1. коло на Вимблдон