Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари победа на стартот на Вимблдон совладувајќи го французинот Александар Мулер со 3:1 во сетови.
Во првиот сет Новак беше мошне доминантен и ја контролираше играта при што го освои сетот со 6:1. Сепак Мулер се врати во игра и го освои вториот сет со 6:7. Во третиот и четвртиот сет Ѓоковиќ повторно ја превзеде иницијативата и со леснотија ги освои со резултат 6:2 и 6:2.
Во следната рудна Новак ќе се соочи со англискиот тенисер Даниел Еванс.