Вардар одигра нерешено со Напредак на последната контрола во Словенија

694

Вардар – Напредак 2:2 е епилогот од денешниот пријателски меч кој се одигра во Словенија. Ова беше и последната контрола за нашиот најтрофеен клуб пред настапот во Европа.

Стрелци на головите за Вардар беа Дурански и Закариќ. Инаку и на овој меч стратегот Гоце Седлоски комбинираше со составот против српскиот суперлигаш со цел да ја провери моменталната форма на своите избраници.

Експедицијата на Вардар утре се враќа во Македонија каде до 10 јули, првиот меч со Ла Фиорита во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе се подготвува во Скопје.

Да потсетиме на резултатите на сите пет средби на Вардар во Словенија. Со Будуќност (3:0), Рапид Букурешт (1:0), Олимпија (0:2), Марибор (0:5) и денеска со Напредак Крушевац (2:2).

ПретходноПознат е терминот кога Новак ќе игра во 2.коло на Вимблдон!
СледноСашо Тодоровски Цефи во стручниот штаб на Работнички!