Владимир Мирковски е нов тренер на КК Работнички

85

Кошаркарскиот клуб Работнички има нов тренер, во името на Владимир Мирковски. Искусниот стратег доаѓа на местото на Горан Самарџиев, кој го водеше тимот во изминатиот период.

Мирковски потпиша двегодишна соработка со тимот на Работнички, а доаѓа по повеќе годишното искуство во Србија, поточно последно во КК Војводина.

Со ова КК Работнички врти една сосема нова страница во своето функционирање. Сега е на ред реконструкција на екипата, па потоа и враќање наесен во реновираната сала Парк.

 

ПретходноМарковски поразен во три сета по три часа игра
СледноМанасков и следната година дел од Е.Пелистер