Карлос Алкараз успеа попладнево да ја мине и втората пречка на годинашниот Вимблдон. Шпанецот со ефектни и максинални 3:0 го победи Оливер Травет од Велика Британија и со тоа се пласираше во третата рунда од најголемиот турнир во светот на тенисот.
Карлито во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, првиот сет го доби со 6:1 во гемови, додека во вториот и третиот славеше со по 6:4 за конечни 3:0 и победа.
Нема дилеми дека Карлос Алкараз е еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот на Вимблдон.
ФОТО: Вимблдон/Х