Работнички и Силекс со трето реми ова лето, успешен тест на ВАР! (ФОТО)

391

Интересно. Денеска на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Работнички и Силекс по третпат одиграа пријателски меч ова лето и по третпат ремизираа, овојпат со резултат 0:0.

Ова и за двете екипи беше “генералка“ во пресрет на настапите во Лигата на Конференции, да потсетиме дека во 1.квалификациско коло, Работнички на првиот меч (10 јули) му гостува на Торпедо и тоа во Унгарија, а Силекс исто гостува, но кај Дечиќ во Црна Гора. Реваншите се играат седум дена поцоцна во Скопје.No description available.

На овој меч беше употребена и ВАР технологијата, со цел да се направи уште тест во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ од страна на Судиската организација на ФФМ и тој тест во целост беше успешен.

ПретходноБарнли промовираше досегашен напаѓач на Лацио
СледноТиквеш им се ЗАБЛАГОДАРИ на шестмина играчи! (ФОТО)