Чиро Имобиле повторно ќе игра во Серија А!

168

Откако мина една сезона во турскиот Бешикташ, Чиро Имобиле, некогашниот напаѓач на Лацио, Дортмунд, Севиља, Торино, Јувентус, Џенова, во следната сезона повторно ќе игра во својата земја, во Серија А и тоа во дресот на Болоња. Како што пренесуваат вечерва медиумите во Италија, но и во Европа, договорот меѓу Бешкташ и Имобиле е раскинат и се е договорено со Болоња да се стави официјално потпис на една година со можност соработката да продолжи.

Секако дека ова е големо засилување за таборот на Болоња, победникот во Купот на Италија за минатата сезона. Трансферот на Чиро Имобиле ќе се официјализира во следните неколку дена.

Покрај Имобиле, Болоња се засили и со Федерико Бернардески.

ФОТО. Лацио/Х

ПретходноОва е поширокиот список на Турција за ЕП: Атаман ќе има моќен состав!
Следно“Пукна“ во Лејкерси: Се “поткачија“ Лука и Леброн?!