ЛА Лејкерси се Холивуд за НБА, тука нема дилеми. Сепак далеку е од некоја си бајка, како што тоа сите го гледаат од страна. Дека нешто таму и тоа како “пукна“ се чини го знаат само добрите познавачи на приликите во НБА и секако меѓу “езерџиите“.
Па така се наведува дека односите меѓу Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, не се баш така на завидно ниво. Тука во игра е и Остин Ривс, кој исто така има “што да му каже“ на Словенецот.
Најголем доказ за тоа дека Леброн не е баш во завидна ситуација е неговиот последен потег со кој си обезбеди повеќе пари со договорот за една година. Веројатно е свесен дека ова веќе не е негов тим туку е на Лука.
Се говори дека и Леброн и Ривс не сакаат да играат заедно со Лука, а најмногу Џејмс е незадоволен од најавите дека во следната сезона во тимот на ЛА Лејкерс работите ќе се “вртат“ околу Лука а не околу него.
ФОТО: ЛА Лејкерс/Х