Тиквеш им се ЗАБЛАГОДАРИ на шестмина играчи! (ФОТО)

441

Како што официјално известуваат од таборот на Тиквеш, стручниот штаб на овој тим на чело со Ѓорѓи Мојсов, за следната сезона нема да смета на шестмина играчи кои беа дел од кавадаречкиот клуб во минатата сезона.

Тоа се Благоја Спиркоски, Алмир Цубара, Оливер Стоименовски, Давид Манасиевски, Филип Купанов и Арби Воша.

Инаку Тиквеш во моментов преговара со неколкумина познати и признати прволигашки играчи, и ако се оди според планот Мојсов на располагање ќе има подобар тим од лани.

Што се однесува до подготовките, кавадарчани утре ги стартуваат подготовките за наредната сезона.

ПретходноРаботнички и Силекс со трето реми ова лето, успешен тест на ВАР! (ФОТО)
СледноОва е поширокиот список на Турција за ЕП: Атаман ќе има моќен состав!