Утре екипата на Тиквеш ги стартува летните овогодинешни подготовки. Со нова управа, стар тренер, во името на Ѓорѓи Мојсов, и неколку нови имиња кои што го засилуваат тимот за претстојната ПМФЛ сезона.
Во домашни услови, како што е тоа праска, кавадарчани ќе започнат со работа, а потоа следува заминување во Турција, поточно во местото Болу, каде што ќе биде одработен главниот дел од подготовките.
Што се однесува до новите имиња, на првата прозивка утре ќе се појават, двата нови голмани, Тасев и Стевковски, како и стоперот Дарко Илевски. Христијан Асковски исто така ќе стартува со Тиквеш утре.