Новиот прволигаш, Арсими продолжување со создавање на ростерот за деби настапот во ПМФЛ. Башким Велија е новото засилување на прволигашот. 31-годишниот десен бек има играно во Шкендија и Ренова, како и за Лачи од Албанија, во редовите на Арсими доаѓа од тимот на Беса.
„Нашиот клуб со задоволство го објавува договорот со фудбалерот Башким Велија, кој од денес е дел од нашето семејство вердези.
Се очекува Велија, познат по својата енергија, искуство и посветеност на теренот, да даде важен придонес кон нашите цели за новата сезона, откако претходно беше дел од тимови како Шкендија, Лачи во Албанија, Ренова, додека во нашите редови доаѓа од тимот на Беса.
Со овој трансфер, КФ Арсими продолжува да гради силен и конкурентен тим, доведувајќи играчи со докажани вредности кои ќе го зајакнат тимот во сите репрезентации.
Му посакуваме на Башким многу успех со нашиот дрес“, се вели во соопштението на клубот.
Велија е шестото засилување за Арсими после Армин Бесагиќ, Леонид Игнатов, Амер Дрљевиќ, Габриел Тенлеп и Мирнел Хуриќ.