Искусниот Дарко Глишиќ во следната сезона ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Искусниот лев беј доаѓа во таборот на „Лавовите“ како дел од засилувањата кои ќе значат прволигапки тим.
МЃП избори пласман во првата лига, и сега е на ред подготовката за истата. По Ристе Јанков и Мартин Талаков, пристигна и Глишиќ како новитет.
Некогашниот македонски репрезентативец има 33. години во моментов. Има големо искуство со играње во домашниот шампионат, во екипите на Вардар,Тетекс, Напредок, Шкупи, Скопје, а во странство, за екипите на Динамо Тбилиси, Олимпик Сараево, Докса на Кипар….