Капитенот Барди денес слави 30. години

64

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди денеска слави роденден. Полни 30. години. Сега веќе искусниот играч за врска е синоним за нашиот национален тим со кого, Македонија ги направи најголемитен фудбалски успеси во историјата.

Играше за Европското првенство во Полска за играчи до 21. година во 2017 година и беше дел од онаа наша златна генерација на Македонија. Потоа во 2021 година беше главна карика во нашиот состав на Европскиот шампионат.

Барди својата карира ја започна во Шкупи, па по кратките излети во Данска и Шведска уште како младинец, главнит скок во кариерата да го направи во унгарски Ујпепшт.

Следуваше мега трансферот во Леванте, за да потоа замине во Турција во тимот на Трабзон. Летово е слободен играч но немаме дилеми дека нашиот капитен наскоро ќе има повторно екстра клуб во своето портфолио.

ПретходноДарко Глишиќ e новитет кај „Лавовите“
СледноЈуниорките заминаа за Литванија, утре ја почнуваат „авантурата“ на ЕП Дивизија Б