Ова е поширокиот список на Турција за ЕП: Атаман ќе има моќен состав!

264

Селекторот на кошаркарската селекција на Турција, Ергин Атаман, денеска објави поширок список на играчи кои ќе се натпреваруваат за Европското првенство. Тој ги повика сите најдобри што ги има Турција, освен повредениот Тарик Биберовиќ, а составот изгледа одлично по имиња.
Тука се и играчите на Фенербахче, што значи дека европскиот шампион ги “испеглал“несогласувањата со Атаман, а тимот што ќе игра НБА ѕвездата Шенгун, како и Ларкин, Осман и Јурчевен може да направат многу убави нешта на ЕП.

Познато е дека досега Турците постигнуваа извонредни резултати само кога беа домаќини на големи турнири, па останува да се види дали Атаман е способен да направи големи работи на репрезентативно ниво и да го промени „генетскиот код“ на својата селекција.
На Евробаскетот, Турција ќе игра во Групата А во Рига, заедно со Србија, Чешка, Естонија, Португалија и Летонија. Во осминафиналето ќе се пласираат четирите најдобри екипи.
Ова е списокот на Атаман:

Адем Бона (Филаделфија), Алпрен Шенгун (Хјустон Рокетс), Шејн Ларкин (Анадолу Ефес), Чеди Осман (Панатинаикос), Берк Угурлу (Бешикташ), Ерџан Османи (Анадолу Ефес), Еркан Јилмаз (Анадолу Ефес), Фуркан Коркмаз (Бахчешехир), Кенан Сипахи (Бахчешехир), Онуралп Битим (Баерн), Омер Јуртсевен (Панатинаикос), Максим Мутаф (Бахчешехир), Сертач Шанли (Фенербахче), Шемус Хазер (Бахчешехир), Јигит Арслан (Бешикташ), Јигитчјан Сајбир (Тофаш).

ФОТО: КК Панатинаикос/Х

ПретходноТиквеш им се ЗАБЛАГОДАРИ на шестмина играчи! (ФОТО)
СледноЧиро Имобиле повторно ќе игра во Серија А!