Ибраим Олаосебикан (25), интернационалецот од Нигерија и официјално е нов фудбалер на Вардар. Играчот за врска, кој може да игра и во офанзивата како и на левата крилна позиција, од денеска е во дресот на нашиот најтрофеен клуб.
Раководствата на Вардар и Брера, клуб за кој досега играше Нигериецот, ги средија сите потребни документи и овој трансфер сега и е официјализиран како што веќе напоменавме.
Инаку Олаосебикан мораше порано да се врати во Скопје заради запазување на рокот за пријавување за настап во Европа.
Договорот е потпишан на две години. Уште еден добар, одличен потег на раководството на Вардар.