Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, од вчера тргна во поход на својот на 25-ти гренслем во кариерата и осми трофеј на Вимблдон. Првата пречка успешно ја мина, а веќе утре го чека и меч од второто коло. Противник ќе му биде домашниот тенисер, Британецот Дан Еванс. Мечот ќе се игра на “Централниот стадион“ и тоа од 14.30 часот.
Интересно е тоа што досега Новак има одиграно еден меч со овој тенисер и тој го загубил и тоа на земја во Монте Карло. Еванс сега е на 154. место на светот според АТП, а некогаш бил и 21-ви.
Се разбира дека се ова, а посебно што од трибините ќе ја има поддршката Британецот, на Новак утре нема да му биде лесно, напротив.
ФОТО: Новак Ѓоковиќ/Х