Тудор: Десет играчи ми побараа замена против Реал

740

Игор Тудор тврди дека дури десет играчи побарале замена поради проблеми со кондицијата за време на поразот на неговиот Јувентус од Реал Мадрид со 1:0 во осминафиналето на Светското клупско првенство. Сепак, хрватскиот тренер изјави дека бил задоволен од тоа како неговиот тим ја следел поставената стратегија.

„Мора да им честитам на момците затоа што се држеа до договореното и ја следеа тактиката. Во овие услови дадоа сè од себе, а на крајот дури десетмина побараа замена,“ изјави Тудор за Sport Mediaset.

Тудор објасни зошто го повлече Кенан Јилдиз, кој беше во одлична форма со три гола и две асистенции на турнирот:

„Јилдиз почна да се истегнува, се исплашивме дека ќе се повреди. Но и други беа во слична состојба. Имавме уште една слободна замена, сакав да внесам напаѓач, но Консеисао се повреди, па се плашев да не останеме со десет играчи.“

Лојд Кели излезе поради мускулна повреда, а Федерико Гати имал симптоми на грип – што дополнително ги отежна дефанзивните проблеми.

Јувентус се прости од турнирот со две победи и два порази. Но Тудор смета дека играта против Реал Мадрид е чекор напред во однос на поразот од Манчестер Сити со 5:2:

„Против тимови од највисоко ниво буквално одевме на училиште. Го менувавме пристапот, учиме од ваквите натпревари и тоа е важно.“

Игор Тудор има седум победи, три ремија и три порази на клупата на Јувентус досега.

„Реал е опасен и кога ја контролира топката и кога излегува во контра. И ние имавме шанси. Им честитав на играчите. Од тука ќе продолжиме да градиме.“

На прашањето што најмногу ќе му треба на тимот во следната сезона, Тудор низ насмевка рече:

„Не е време за такви прашања. Сега ќе се одмориме, па ќе се подготвиме за следната сезона. Сите нека се одморат добро.“

ПретходноМакедонија ќе мора без Ненад Димитријевиќ, без Американец и неколку стандардни кошаркари!
СледноНико Вилијамс ќе стане играч на Барса оваа недела