Борусија (Д) потврди: Гитенс оди во Челзи!

101
фото: Borussia Dortmund (X)
Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Џејми Гитенс во Челзи. Германскиот клуб објави дека постигнал договор за трансфер на 20-годишниот крилен напаѓач во англискиот тим.

Се забележува дека фудбалерот и лондончани сè уште не се договориле за условите на личниот договор. Претходно беше објавено дека Дортмунд ќе добие околу 55 милиони фунти за играчот.

Минатата сезона Гитенс постигна осум гола и имаше три асистенции во 32 натпревари од Бундеслигата, играјќи во просек 55 минути по натпревар.

ПретходноЧетири нови имиња во составот на Тиквеш
СледноИ Адријана Поп Арсова избори настап на Светското првенство во Токио!